Перничиња со јогурт

popara3 декември, 20141min00
26

Состојки:
• 200 мл јогурт
• 200 мл млеко
• 1 јајце
• 1 пра­шок за пециво
• 2 мали лажички сол
• 1 мала лажичка шеќер
• 2 големи лажици масло за јадење
• 900 гр брашно

Приготвување:
Од сите состојки се заме­сува тесто. Се остава да постои околу 20 минути. Тестото го делиме на 4 дела. Секој дел се расу­кува во кора со дебе­лина од околу 1 см и го сечеме во форма на ква­драти. Поста­пката ја пов­то­ру­ваме со сите делови.

Се пржи во дла­бока тава во врел зеј­тин. Додека се пржат се тресе тав­чето за да може вре­лото масло да ги фати од двете страни и така тие убаво се полнат со воздух и изгле­даат како пер­ни­чиња. Испр­же­ните пер­ни­чиња ги ста­ваме на хар­тија за да ја впие непо­треб­ната масно­тија. Се јадат топли со чаша јогурт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag