Состојки:
За кора:
- 250g мед
- Чаша пиво
- Лажичка сода бикарбона
- ½ шолја масло
- Брашно по потреба
За фил:
- 250g шеќер
- 250g мелени ореви
- 2 реда посна чоколада
Подготовка:
Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него.
Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите.
Држете се до правилото еден ден ред тесто – еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова.
Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед.