Состојки:
- 2 јајца
- 2 лажици шеќер
- 240 мл масло за готвење
- 240 мл млеко (млако)
- 1 пакетче сув квасец
- 1 пакетче прашок за пециво
- 500 г брашно
- 1-2 лажички какао во прав
- 1 кг шеќер (за шербет)
- 500 мл вода (за шербет)
Подготовка:
- Јајцата измешајте ги со шеќерот. Додадете млеко и масло за готвење и добро изматете. Брашното измешајте го со сувиот квасец и прашокот за пециво и додадете го во смесата.
- Месете се додека не добиете хомогена и мазна смеса, тесто кое не е премногу тврдо. Поделете го на два дела.
- Во едниот дел од тестото додадете какао во прав и добро измесете го.
- На набрашнета површина, белото тесто исукајте го тенко и во форма на правоаголник.
- И црното тесто исукајте го со иста големина како и белото тесто.
- Тестата ставете ги едно врз друго и од нив формирајте ролат.
- Исечете го ролатот на тенки парчиња.
- Тавата за печење намачкајте ја со масло за готвење. Ружиците наредете го со поголемо растојание и оставете ги околу 45 минути да отстојат и малку да нараснат.
- Печете на 190 степени, околу 15 мунити или се додека малку не потемнат.
- Сварете 500 мл вода и додадете го шеќерот. Варете го околу 7-8 минути, додадете малку лимон и истурете го врз малку подоладените ружици.
- Оставете ружици целосно да го упијат шербетот и да се оладат, па сервирајте ги. Добар апетит!