Во овие зимски денови, чаевите можат да ви помогнат полесно да се справите со студените денови, но и да го подобрат вашиот метаболизам. На чајот може да се гледа како средство за слабеење, но истовремено неговото благотворно дејство за човечкиот организам предизвикува многубројни позитивни ефекти.
Чајот е одличен извор на полифеноли, витамини, минерали и аминокиселини што го поттикнуваат организмот да се прочисти на тој начин што ги исфрла штетните материи и отровите од организмот.
Чај од хибискус
Цветот на овој чај е еден од најубавите во светот, а е препознатлив по црвената боја и киселата арома. Неговото дејство меѓу народот е познат повеќе од стотина години, а значително помага во регулирање на телесната маса.
Како одличен извор на витамин Ц, чајот од хибискус делува при детоксификација и помага при чувството на надуеност. Доколку сакате да ги почувствувате позитивните ефекти од овој чај, дневно се препорачуваат 1-2 шолји.
Чај од коприва
Како дар од природата, копривата е најдобро средство за прочистување на крвта. Ова растение содржи витамин А, минерални соли, растителни хормони, а се препорачува како природен лек против слабокрвност.
Чајот од коприва помага во ослободувањето од токсини во организмот, поволно влијае на расположението и го намалува чувството на потиштеност. Може да се употребува при намален имунитет, алергии, несоница и нервоза.
Зелен чај
Содржи минерали што го поттикнуваат губењето на телесната тежина, но благотворно делуваат на целиот организам. Зелениот чај е ефикасно средство за прочистувањето на организмот, бидејќи го зголемува производството на клучните ензими и на тој начин го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот.