Совети за брзо вработување!

popara30 јануари, 20141min00
Wordle_JobSearchHelp

Се наоѓате во дилема како да најдете работа? Има неколку работи на кои треба да обрнете внимание.

Главата горе
Не препуштајте им се на депресијата и лутината. Не е момент за налевање на тагата со алкохол. Морате брзо да реагирате и да го искористите “златното време” што подобро, поради што ви треба бистра глава. Ако веќе не можете да се справите со емоциите, одете во “изолација” и размислите што би сакале да промените во вашата досегашна кариера. Само внимавајте, нема време за целодневно фантазирање. Бидете брзи.

Земете си го она што ви припаѓа
Ако добивте отказ после две години работа, а имавте договор на неопределено време, тогаш имате право на oтпремнина. Исто така, инсистирајте да се решат било какви долгови кои према Вас ги има, сега веќе, поранешниот работодавец.

Соберете ги вашите контакти
За време на барањето работа сигурно ќе ги исконтактирате сите оние со кои за време на работењето сте воспоставиле барем малку поблизок однос од чистата деловност. Поради тоа, соберете си ги сите визит картички, броеви од мобилни телефони и e-mail адреси кои со текот на годините сте ги сорбале, вклучувајќи ги контактите на вашите досегашни клиенти од “eкс” работното место. Не би било лошо помош да побарате и од своите колеги, кои можеби би ви препорачале некој кој нуди работа за вашата струка.

Направите топ листа
Еднаш откако ќе ги соберете на едно место вашите контакти, направите топ листа и исфрлете ги оние за кои сте сигурни дека не можат да ви помогнат. Не губете време на повиците кои се нереални, туку фокусирајте се на оние личности за кои сте сигурни дека можат да ви помогнат во ситуацијата. Конкуренцијата е голема, не губете време на празно.

Освежете го CV-то
Уште една битна работа која мора да се направи во “златното време” е да го обновите своето CV за да ви биде веднаш достапно за испраќање секаде каде ќе ви биде потребно, доколку се укаже прилика. Би било сосема корисно и доколку успеете да набавите било каква писмена препорака од старите работодавци, и да го подготвите вашето портфолио за презентација на потенцијалниот нов “шеф”.

Задржете го истиот дневен ритам
Без оглед на тоа колку сте депримирани или имате ужасна желба да се препуштите на слободно трошење на времето, не би било најпаметно изненадниот отказ да го доживеете како присилен годишен одмор. Вие и понатаму работите, и тоа на завземање на што подобри позиции со цел да пронајдете нова работа. Поради тоа, не опуштајте се и наутро разбудете се во исто време како и порано. Мора да останете активни, за да го преживеете искушението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag