Потребни состојки:
4 жолчки од јајце
100 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
100 гр брашно
пола кесичка прашок за пециво
7 белки од јајце
70 гр путер или масло
250 гр праски
шеќер во прав
Подготовка:
Жолчките од јајце, шеќерот и ванилин шеќер матете ги додека не добиете пенеста смеса. Во брашното ставете го прашокот за пециво. Така подготвеното брашно постепено додајте го смесата од јајца и шеќер. Изматете ги добро белките и на крај полека соединете ги двете смеси.
Мешавината сипете ја во подмачкан и посипен со брашно калап за тарт, а потоа распоредете ги исечените праски по површината и печете околу половина час на 180 степени. На крај печениот тарт посипете го со шеќер во прав.
Добра апетит.