Брз, едноставен и вкусен чоколаден колач

popara12 јуни, 20151min00

Изненадете ги домашните со овој брз, едноставен и вкусен чоколаден колач.Ова е рецепт за колач кој можете да го направите едноставно, следејќи ги упатствата. Само измешајте ги состојките, за што ќе ви бидат потребни пет минути, и печете.

Состојки:

1 чаша шеќер

1 чаша брашно

1 чаша мелени лешници или ореви

1 чаша кисела павлака

1/2 чаши какао во прав

1/2 чаши масло

1 прашок за пециво

4 јајца

Напомена: За мерка користете чаша од 2 дл.

 

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во сад и изматете ги со миксер – јајца, шеќер, брашно, лешници, какао, павлака, масло, прашок за пециво и ванилин шеќер.

Сипете во помала длабока тепсија обложена со хартија за печење.

Печете на 170 °C , околу 45 минути.

На крајот украсете со чоколадна глазура или  едноставно посипете шеќер во прав. И тоа е тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag