Состојки
- 9 кори за пита
- 250г сирење
- 1 голема тиквица
- 1 чешне лук, исечкан
- 100г кисела павлака
- 2 јајца
- сол, бибер
за сосот:
- 1 лажица масло
- 1 јајце
- 100г павлака
- половина лажичка сода бикарбона
Начин на подготовка
Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и ставете ги фрижидер да одстојат половина час. Загрејте ја рерната на 180°C. Во сад измешајте ги сирењето, павлаката, јајцата и лукот, и додадете сол и бибер по вкус. Исцедете ги тиквиците и додадете ги во смесата. Во друг сад направете сос од јајцето, маслото, павлаката и содата бикарбона.
Раширете три кори за пита на работната маса и премачкајте ги со сосот од јајца. Оставете дел од сосот за премачкување на другите кори. На премачканите кори додадете им ги и останатите кори. Потоа додадете ја смесата со тиквици и завиткајте ги корите во три ленти. Ставете ги завитканите кори во калап за печење и премачкајте ги со остатокот од сосот. Печете ја питата околу 40 минути.
Послужете ја питата со чаша ладен јогурт.