Брзи панцероти

popara14 април, 20151min00
12

Потребно е:
(за тесто):

  • 500 гр брашно
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 ќесиче прашок за пециво
  • 200 мл јогурт
  • околу 200 мл топла вода

(за фил):

  • 250 гр рендан кашкавал
  • 200 гр рендана шунка
  • 200 гр печурки (свежи или маринирани, од тегла)
  • кечап
  • масло за пржење

Подготовка:

Во длабок сад просејте го брашното и додадете му ги сите други суви состојки (сол, пециво, квасец). Ставете го целиот јогурт и полека додавајте вода, мешајќи со миксер додека да добиете тврдо тесто и тоа да може да се обликува во топка. Тестото покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го 15 минути да отстои. Од тестото одвојувајте мали топчиња и со сукало сукајте ги во тркалезен облик. На едната половина од тестото ставете кечап, кашкавал, печурки и шунка и преклопете го филот со другата половина од тестото (како калцоне). Со вилушка притиснете ги краевите за да не истече филот (а и воедно да им направите мала декорација на панцеротите). Пржете ги во многу врело масло додека да добијат убава златно-кафена боја. Ако ви останат, слободно можете да ги замрзнете, така што ќе ги ставите во ќеса за замрзнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag