Состојки
- 1 пакетче тестенини во форма на машнички
- 1 супена лажица путер
- 6 пилешки крилца без коски, исечени на коцкички
- ½ малечка лажичка црн бибер
- ¼ малечка лажичка сол
- 250 милилитри дресинг за цезар салата
- ½ шолја рендан пармезан
- 1 марула исечена на парчиња
- 1 голем домат исечен па мали коцки
Начин на подготовка
Сварете ги тестенините и испржете го месото на растопен путер. Во голем сад за салата ставете ги марулата и доматот. Потоа додадете ја пастата и месото. Наросете со сол и бибер и прелијте со дресингот за цезар салата. Доколку не можете да најдете во маркетите ваков сос, наравете сами од неутрална павлака, оцет балсамико и малку сол. Промешајте ја целата смеса и на крај наросете со рендан пармезан.