Понекогаш едноставно не постои ништо подобро од чоколадо!
Доколку сте на диета или само сакате да не чуствувате каење, овој рецепт е идеален за вас.
Најдобро од се, тој се прави многу брзо и има само две состојки!
Ви го претставуваме диеталниот чоколаден мус!
Состојки:
– 265 грама темно чоколадо (идеално е да се избере чоколадо кое содржи повеќе од 70% какао)
– Чаша вода
– 4 лажици шеќер – по желба
Начин на подготовка:
Земете еден сад за мешање и ставете го во малку поголем сад кој предходно бил наполнет со мраз и вода.
Земете го чоколадото и водата, како и шеќерот и оставете ги на тивок оган да се соединат. Кога ќе се соединат ставете ги во садот кој стоел во ладна вода и почнете да мешате.
Мешајте 2-3 минути додека не се згусне. Штом се згусне вашиот мус е спремен за сервирање !