Домашен џем од јагоди

popara2 јуни, 20151min00
Домашен џем од јагоди

Состојки:

● 500гр исчистени јагоди
● 1½ шолја шеќер
● сок од еден лимон
● 1 чиста тегла

Подготовка:

Јагодите најпрво исчистете ги и добро измијте ги. Исецкајте ги на парчиња и ставете ги во поголем огноотпорен сад, а потоа додадете го шеќерот и сокот од лимон. Добро промешајте го овошјето, ставете го садот во микробранова печка, изберете ја највисоката температура и вклучете ја микробрановата печка на четири минути.

После тоа, извадете го садот, промешајте ја смесата, а потоа вратете ја на уште 15 минути. За тоа време земете една празна чинија и ставете ја да остсои во замрзнувач. Кога ќе забележите дека џемот врие, исклучете ја микробрановата печка, промешајте ја смесата и оставете ја да се “смири”, а потоа повторно вратете ја и продолжете со готвење.

После 15 минути џемот ќе биде сè уште релативно редок, а ќе проверите дали е готов така што ќе ја извадите чинијата од замрзнувачот и ќе сипете една лажица џем на неа, а потоа ќе ја вратите заедно со џемот во замрзнувач на две до три минути.

Ако џемот е доволно густ, тоа значи дека е готов. Ако ви се чини пак дека е сè уште релативно редок, тогаш вратете го во микробранова печка и гответе уште неколку минути, а потоа повторете го тестот.

На крај, сипете го џемот во чисти и суви тегли и уживајте во вкусот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag