Едноставно и превкусно: Италијански компир

popara24 јули, 20151min00
7

Состојки:

6 средни црвени компири

100 г. сланина

100 г. кашкавал

50 г. сирење

1 голем домат

пар чешнинња лук

маслиново масло, сол

оригано, босилек, рузмарин…

Подготовка:

Добро измијте го компирот и ставете го да се готви со лушпата. Кога ќе омекне исцедете го и исечете го на половина без лупење и ставете го во тепсија подмачкана со маслиново масло. Згмечете го лукот, исецкајте го доматот и сето тоа ставете го меѓу компирот, посолете и прелејте го со малку маслиново масло, а потоа зачинете го по желба. Ставете го така подготвен во рерна  на 250 степени.

После 10 минути ставете сицно сецкана сланина врз компирите и вратете го во рерна. Изрендајте кашкавал и кога ќе се запече компирот додадете малку сирење, исклучете ја рерната и вратете ја тепсијата на уште неколку минути додека сирењето не се стопи.

Послужете со свежа салата од домат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag