Кесадиљата е многу популарно мексиканско јадење, кое многу често можете да го приготвите и дома. Кесадиљата всушност се печени тортиљи со растопен кашкавал, а останати состојки зависат од вашиот вкус. Почнете со овој предлог, а потоа можете и самите да експериментирате со вкусовите.
Состојки
- Големи тортиљи
- Рендан кашкавал – се препорачува чедар
- Маслиново масло
- Сечкани печурки
- Црни маслинки
- Свежи домати, сечкани
- Парчиња пилешко месо, претходно приготвено
- Авокадо
- Марула
- Сол
Начин на подготовка
Загрејте ја тавата на среден оган. Ставете малку маслиново масло, а потоа ставете ја тортиљата. Превртете ја неколку пати, печејки по 10 секунди на секоја страна.
Потоа наредете ги кашкавалот, и врз него и останатите состојки, сè освен марулата. Намалете ја јачината на огнот и печете додека не се растопи кашкавалот. Превртете ја тортиљата на половина како да правите омлет.
Кога тортиљата ќе биде готова, тргнете ја од оган и ставете ја и марулата.