Потребни состојки:
- 1kg компир
- 1 мал кромид
- 150g сланина
- 300ml слатка павлака
- 80g кашкавал по желба
- 1 јајце
- Сол
- Зачини по желба
Подготовка:
Компирите добро измијте ги, излупете ги и исечете ги на дебели кругови. Сварете ги во зовриена вода околу 10 минути. Не треба да ги преварите, затоа што допрва ќе ги печете.
Помешајте ја павлаката со јајцето, кашкавалот и зачините.
На тава за печење наредете ги проварените компири, па прелијте ги со павлаката.
Пропржете ги сланината и кромидот на малку масло, па додадете ги во тавата.
Измешајте додека сосот не се промеша добро со сите компири.
Вклучете ја рерната на 200 степени и печете 20-30 минути. Ако компирот е недопечен, продолжете го времето за 10 минути.
Сервирајте додека топло. За побогат вкус може да ставите малку пармезан одозгора.