Потребни состојки за преливот:
- 120гр шеќер
- 2 лажици вода
Потреби состојки за колачот:
- 3 јајца
- 500мл млеко
- 50гр шеќер
- стапче ванила
- половина лажичка густин
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 160°С.
Истурете го шеќерот во подлабок сад и додадете 2 лажици вода. Загревајте додека смесата не зарумени, а потоа топлата карамела истурете ја во помал керамички сад или во еден сад со средна големина.
Во сад истурете го млекото и додадете ја содржината на ванила од стапчето. Млекото загрејте го, но не до точка на вриење, а потоа тргнете го од ринглата и оставете го неколку минути.
Во посебен сад изматете 3 јајца, 50гр шеќер и густин, а потоа додадете го топлото млеко.
Смесата сипете ја во садот каде што ја ставивте карамелата, а потоа садот ставете го во поголем, кој до половина ќе го наполнете со топла вода. Садот со останатите садови, ставете го во загреана рерна и печете 45-60 минути, додека не зарумени.
Почекајте колачот да се излади, поклопете го и оставете го да се лади во фрижидер уште неколку часа. Кога ќе посакате да сервирате, превртете го колачот и исечете го.