Кремаст запечен карфиол

popara9 март, 20151min00
16

Потребни состојки:

  • 500 г карфиол
  • 300 г кашкавал
  • 1 лажица путер
  • 300 мл млеко (состојки за сосот)
  • 30 г брашно
  • 30 г путер
  • 50 г пармезан
  • 60 г кашкавал
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка сенф
  • малку црн пипер

Подготовка:

Карфиолот добро измијте го и поделете го на парченца. Во голем сад ставете вода да зоврие.
Откако водата ќе зоврие ставете го карфиолот во садот за да се свари. По десетина минути извадете го и исцедете го. Тавата за печење премачкајте ја со путер и префрлете го карфиолот. Загрејте ја рерната на 180 степени.Во меѓувреме направете го сосот. Во сад ставете путер почекајте да се растопи и додадете брашно. Промешајте. Полека додавајте млеко и постојано мешајте. На крај ставете сенф. На тивок оган варете го сосот додека не стане густ. Додадете пармезан, кашкавал, ставете сол и малку црн пипер. Со сосот прелијте го карфиолот, а одозгора изрендајте кашкавал. Печете околу 10 до 15 минути додека карфиолот не добие златно кафена боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag