Состојки:
- 14 јајца
- 200 гр шеќер во прав
- 400 гр чоколадо
- 500 гр маргарин
- 300 гр мелени кекси
- 6 лажици шеќер
- 400 гр крем шлаг од чоколадо
- 4 дл млеко
Приготвување:
1. Се мешаат жолчките и шеќерот во прав па се матат на пареа. Се додава скршеното чоколадо и се меша додека не се стопи.
2. Во изладениот крем се додава пенесто изматен маргарин и се меша. На крајот се додаваат мелените кекси и полека се промешува.
3. Посебно се матат белките во цврст снег, а потоа постепено се додава шеќер и се мати со миксер додека не се стопи.
4. Се меша кремата од чоколадо со шамот од белки и полека се промешува.
5. Добиената крема се дели на два дела. Од едниот дел се пече кора, а другиот дел се остава за крем.
6. Тркалезен калап за торта се обложува со хартија за печење па се става 1/3 од смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ околу 20 мин. На ист начин од преостанатиот материјал се печат уште две кори.
7. Првата кора се премачкува со половина од оставената смеса за крем и се преклопува со другата кора. Истата постапка се повторува уште еднаш.
8. Крем шлагот од чоколадо се мати со млекото и се премачкува тортата.