Лимон крем торта

popara5 јуни, 20151min00
16

Состојки

  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја путер, растопен
  • 1/4 шолја крем сирење
  • 1 шолја шеќер
  • 1/2 шолја пудинг од лимон
  • 3 1/2 шолји млеко
  • 1 1/2 шолја сладолед од јогурт, одмрзнатè

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 175 степени. Во сад, ставете ги брашното и путерот и мешајте ги се додека не се оформи топка. Притиснете ја смесата на тацна од 20x30cm.

Печете 25 минути во претходно загреаната рерна или сè додека не добие светло златна боја. Извадете го од рерната и оставете целосно да се излади.

Во сад ставете ги крем сирењето и шеќерот и мешајте сè додека не се соединат. Ставете ја смесата на испеченото тесто.

Во друг сад ставете ги пудингот од лимон и млекото и добро мешајте околу 5 минути. Ставете ги над слојот од крем сирењето. Оставете да се олади во фрижидер, а потоа премачкајте одозгора со сладоледот од јогурт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *