Магична ванила торта

popara19 декември, 20151min00
10

Магичните торти се прават од едноставни состојки како јајца, шеќер, брашно, путер и млеко. Па би се запрашале што е толку магично во врска со нив. Можеби нема ништо невообичаено во состојките, но процесот на печење е времето кога се случува магијата. Тестото за тортата е доста течно, така што самото се дели во три слоја, основата на тортата, лесен крем и сунѓерест горен глој. 

Како е ова можно?

Жолчките, изматени со шеќер, путер, брашно и млеко, ги формираат првите два слоја од магичната торта, основата и кремот. Кога ја печете тортата на ниска температура од 150 степени, основата на тортата се пече, без притоа да се испечат горните слоеви кои добиваат кремава структура.

Белките од јајцата пак го формираат сунѓерестиот горен слој. Тие не се мешаат со млекото, туку остануваат да пловат на врвот на тортата.

Пет златни плавила

Една смеса, едно печење, а резултатот е во три слоја. Сепак, постојат правила во процесот на подготовка кои треба да се следат:

Големина на тавата

Важно е големината на тавата да биде во точен сооднос со квантитетот на смесата во рецептот кој го подготвувате. Доколку тавата е премногу мала можеби нема да имате место за горниот слој на белки. Спротивно на ова, ако тавата е премногу голема горниот слој ќе биде премногу тенок.

Матење на белките

Важно е изматените белки да формираат цврста пенлива смеса која нема да се растопи во тестото. Изматените белки треба да пловат по површината на тестото, а потоа да се измазнат со нож за торта.

Печење

Ако тортата не е добро испечена слоевите нема да стојат. Ако е премногу испечена кремавиот слој ќе исчезне. На крајот на печењето тортата се уште треба малку да се ниша, а потоа со ладењето ќе се стврдне. Горниот сунѓерест слој треба да биде убаво испечен и да има златна боја.

Превртување

Многу е важно да ја оставите тортата да се излади пред да ја превртите. Оставете ја тортата да се лади барем 2 часа. Најлесно ќе ви биде да ја превртите доколку користите силиконски калап, а во друг случај препорачливо е користење на масна хартија за печење. Тортата има најдобар вкус ако е оставена да одстои во фрижидер со што вкусовите ќе имаат време да се развијат. Затоа бидете трпеливи и не ја правете во последен момент. На магијата и треба време за да даде добри резултати.

Состојки

  • 2 ванила стапчиња
  • 500 мл млеко
  • 4 јајца, одделени белките од жолчките
  • 150 г шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 лажица вода
  • 125 г путер
  • 110 г сенаменско брашно
  • малку сол

Начин на подготовка

Користете тава за печење торта или силиконски калап од 24 цм.

Исечете ги стапчињата ванила на половина и со нож извадете го семето.

Загрејте го млекото во сад, заедно со стапчињата ванила. Загрејте го млекото до зовривање, а потоа веднаш тргнете го од оган и оставете го да остои барем еден час. Колку повеќе време го оставите млекото со ванила да стои, толку повеќе вкус ќе имате.

Загрејте ја рерната на 150 степени.

Матете ги жолчките со шеќерот и водата, користејќи маталка. Растопете го путерот и додадете ги во миксот. Додадете ги брашното и солта и мешајте уште неколку минути за да добиете единечна смеса.

Исцедете го ванила семето од млекото. Потоа додавајте го млекото малку по малку во смесата, постојано мешајќи.

Изматете ги белките во цврста пена, а потоа полека додадете ги во смесата. Ставете ја смесата во тава замастена со путер, измазнете ја површината со нож и печете ја 50 минути. Кога ќе ја извадите од рерната, тортата се уште ќе се ниша малку. Оставете ја да се излади во фрижидер барем 2 часа пред да ја превртите.

Сервирајте ја изладена.

Совет: Наросете шеќер во прав над тортата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag