Состојки:

20 модри патлиџани
4 кг. зелени меснати пиперки за печење
1 литро масло за јадење
200 мл. вински оцет
200 гр, шеќер
150 гр. сенф
сол
лук

Подготовка:
Испечете ги модрите патлиџани и пиперките. Излупете ги и извадете ги семките од пиперките. Излупените модри патлиџани и пиперки измелете ги во машинка. Во длабоко тенџере ставете го маслото за јадење да изврие, па потоа ставете ги измелените патлиџани и пиперки. Пржете и мешајте околу час и половина. При крајот на пржењето додајте го оцетот, шеќерот, сенфот и солта, и истолчен лук за подобар вкус..

Додека малиџаното е уште жешко ставете ги во загреани тегли и затворете ги убаво со исправни капаци.