Највкусната чоколадна торта што некогаш сте ја пробале

popara8 септември, 20151min00
7

Потребни состојки:
200g (1 чаша, цврсто спакуван) кафеав шеќер

185ml (3/4 шоља ) млеко

125g путер, сецкан

115g (3/4 шоља ) брашно + печиво + 1/4 сол

75g (1/2 чаша) чисто брашно

50g (1/2 чаша) какао во прав

3 јајца

185g или 13 лажици путер, екстра, на собна температура

345g (2 1/4 шолји ) смеса за благ шлаг

95g (3/4 чаша) слад млеко во прав

1 лажица млеко, дополнително

465g чоколадни топчиња

Состојки потребни за фил:

300g темно чоколадо за готвење, ситно сечкано

125ml (1/2 чаша) густ крем (хопла)

30g путер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 160 степени. Намачкајте ја со путер целата тава за печење, а потоа ставете пергамент хартија.

2. Ставете го кафеавиот шеќер, млеко и путер во сад, и над пареа мешајте додека не се стопат и соединат состојките.

3. Додадете го брашното и какаото во прав во смесата со путер и потоа ставете ги миксирајте ги јајцата. Ставете ја смесата во тавата за печење и печете околу 55 минути. Оставете да се излади, околу 5 минути, а потоа ставете го пандишпанот на чинија за торта.

4. За филот: Ставете го чоколадото, хоплата и путерот над пареа додека состојките не се стопат и соединат, мешајќи привремено.

5. Измиксирајте го останатиот путер (185g), додадете го шеќерот, млекото во прав и екстра млекото и миксирајте додека не се соединат.

6. Оставете го филот да се згусне околу час и половина.

7. Додека филот се згуснува, исечете го пандишпанот на четири хоризонтални слоеви.

8. Нанесете 1/3 од филот на секој слој, а потоа целосно премачкајте ја со останатиот фил. Оставете ја во фрижидер да се излади околу час и половина и потоа декорирајте со чоколадните топчиња.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag