Иако суфле десертите ви звучат како нешто неверојатно комплицирано, за овој десерт ви се потребни само 2 состојки, од кои едната е Нутела крем.
Нема да ви требаат повеќе од 10 минути за да го подготвите и уште 15 за да го испечете.
Можете да го подготвите после ручекот или кога ќе ви дојдат ненајавени гости на кафе. Во секој случај, ќе бидете воодушевени.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- ½ шолја Нутела (не мора да бидете многу прецизни, може да додадете повеќе)
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на највисока температура.
2. Одвојте ги јајцата и жолчките ставете ги во садот со Нутела. Мешајте неколку минути.
3. Белките изматете ги во пластичен сад рачно или со миксер додека не добиете крем.
4. Измешајте 1/3 од белките во Нутелата со жолчки. Потоа додадете го преостанатиот дел и мешајте 2-3 минути додека не добиете кремаста смеса.
5. Ставете ја смесата во огноотпорна шолја или сад и печете 15 минути.
6. Декорирајте со шлаг или сладолед.