Овошна торта со хопла

popara4 јуни, 20151min00
17

Состојки

За тестото:

  • масло за готвење
  • 6 јајца
  • 340 гр шеќер
  • 170 гр растопен путер
  • ½ лажица мелена ванила
  • 225 гр брашно
  • 1 ½ лажица прашок за пециво
  • 2 лажици млеко

За филот:

  • 350 гр хопла
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 3 големи зрели праски или праски од конзерва
  • 1 зрела смоква (исечкана на четвртини за декорирање)

Начин на подготовка

Во огноотпорен сад ставете ги јајцата и шеќерот и мешајте за да добиете пенеста смеса. По неколку минути, кога кремот ќе биде готов тргнете го од оган.

Во кремот, мешајќи додадете го растопениот путер и ванилата. Потоа додадете го брашното и прашкот за пеиво, а на крај и млекото и продолжете да мешате додека не добиете еднолична смеса.

Загрејте ја рерната на 160 степени и премачкајте два мали калапи за печење (со дијаметар од околу 20 см). Тестото поделете го на два дела и ставете го во калапите. Печете околу 45 минути, додека тестото не се дигне и стане еластично на допир.

Оставете го тестото во калапот десетина минути по печењето, а потоа извадете го и исечете го на четири дела за да добиете четири листа тесто.

Изматете ја хоплата за да добиете крем, а потоа редете еден слој тесто, еден слој изматена хопла и еден слој праски исечкани на кругови.

Оставете го колачот да се излади и на крај украсете го со праските, смоквата и шеќерот во прав.