Состојки:
- 1-2 голем компир по лице
- Кашкавал, сирење, сланина
- Сол
- Маслиново масло или путер
- Кари, презла, пармезан, зачини по желба
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите, измијте ги и со остар нож исечкајте ги на ситни парчиња, но не до крај.
Посолете и резовите пополнете ги со кашкавал, сирење и сланина. Така подготвен компирот распоредете го на мрсна тава за печење.
Печете половина час, а потоа извадете го компирот и посипете го со зачините, пармезанот или презлата.
Вратете ги да се допечат уште половина час.
По желба прелијте ги со сос од слатка павлака и печурки, 5 минути пред да ги послужите.