Печени тиквички со пармезан и зачини

popara7 август, 20151min00
12

Потребни состојки:

  • 4 долги тиквички
  • 110 грама рендан пармезан
  • ½ лажичка оригано
  • ½ лажичка сув босилек
  • ½ лажичка сушен темјан
  • ½ лажичка лук во прав
  • 2 лажици сув магдонос
  • Сол по вкус
  • Маслиново масло

Подготовка:

Загрејте ја претходно рерната на 180 степени Целзиусови

Во сад измешајте го пармезанот, солта и зачините.

Тенките и измиени тиквички исечете ги на четвртинки по должина, па премачкајте ги со масло и наредете ги на тавче. Откако ќе ги наредите посипете ги со смесата со пармезан и зачини па печете 20 минути на 180 степени.

Сервирајте ги топли.