Penne сос – највкусниот сос за тестенини во светот

popara14 април, 20151min00
25

Задолжително подгответе го овој сос за тестенини! Се работи за со сигурност 100% најдобриот сос за тестенини кој досега сте го вкусиле. Верувајте, ќе ни бидете благодарни! А најдоброто од сè е што многу едноставно се подготвува!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

2 чешни лук

1 големо кромитче

¼ жолт кромид

2 лажици маслиново масло

400 гр конзервирани домати

3 свежи домати

1 лажичка буковец

½ чаша павлака

¼ чаша вотка

1 лажица брашно (по потреба)

ПОДГОТОВКА

Исецкајте 1 големо кромитче, 2 чешни лук и ¼ кромид. Пржете ги во маслиново масло околу 5 минути.

Додадете ги конзервираните (претходно исцедени од течноста) и свежите домати и зачинете по желба. Може да додадете парченца црвена пиперка (буковец). Динстајте на средна температура 5-10 минути.

Додадете павлака и малку вотка. Гответе додека смесата се згусне. Не грижете се – во почеток нема да изгледа добро но за кратко време ќе добие портокалова боја. Доколку смесата е премногу тенка, брзо ставете 1 лажица брашно.

Прелијте ги тестенините со овој вкусен сос. Доколку сакате може да додадете и зеленчук како и потпржени печурки и динстан спанаќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag