Состојки
за слојот со јатки
- 1 шолја ореви
- 2/3 шолја бадеми
- 2/3 шолја лешници*
- 1/4 шолја кршени парчиња темно чоколадо со добар квалитет
*или други јатки по ваша желба
солена карамела
- 3/4 слатка павлака за готвење, на собна температура
- 2/3 шолја шеќер
- 2/3 шолја кафен шеќер
- 1/3 путер, на собна температура
- 3 лажици вода
- 1 лажица сол
чоколаден ганаж
- 2 шолји кршено темно чоколадо со добар квалитет
- 1/2 шолја слатка павлака за готвење
Начин на подготовка
Најпрво направете го чоколадниот ганаж. Ставете ги чоколадните парчиња во голем сад. Загревајте ја слатката павлака во помал сад се додека не биде толку топла што на краеви од садот ќе почнат да се прават меуричиња. Додадете ја слатката павлака во чоколадото и мешајте се додека чоколадо не се растопи целосно и добиете кремава смеса. Оставете го ганажот да се лади околу два часа, а потоа измешајте го со миксер.
Додека ганажот се лади, направете ја карамелата. Во мал сад со дно кое не се лепи ставете ги белиот шеќер и водата, и мешајте. Ставете ги на слаб оган и мешајте од време на време се додека смесата не почне да врие и не добие светла боја на карамела. Потоа тргнете со садот од оган и бргу додадете ги слатката павлака, путерот и кафениот шеќер и мешајте се додека не добиете еднаква смеса. Бидете внимателни смесата може да прска. Ако шеќерот почне да се згрудчува не грижете се, само продолжете да мешате и потоа ставете го садот повторно на среден оган за уште една да проврие. Кога смесата ќе биде единечна намалете ја јачината и оставете ја уште 15 минути да се крчка за да стане поцрвста. Мешајте на секои две минути. Кога ќе ја тргнете карамелата од оган додадете ја солта. Оставете ја карамелата да се лади на собна температура.
Обложете округла тава за печење со дијаметар од 21 цм со пластична фолија. Бидете сигурни дека целата тава е обложена и дека има доволно фолија која излегува од страните. Еднакво распростренете ги јатките и 1/4 шолја кршено чоколадо. Потоа истурете ја карамелата врз јатките, еднакво растространувајќи ја. Кога ќе добиете еднаков слој на карамела, истурете го и ганажот еднакво растространувајќи го. Ставете ја тава непокриена во фрижидер околу 4 часа или преку ноќ за да се олади.
Откако тортата ќе биде оладена извадете ја фрижидер и превртете ја површината за сервирање. Нежно извадете ја пластичната фолија и оставете ја тортата да одстои 20тина минути на собна температура пред сервирање. Останатата торта чувајте ја во фрижидер.