Потребни состојки за 6 особи:
– 6 шолји млеко
– ¾ шолја шеќер
– ¼ шолја какао
– една лажичка ванила
– чоколада со 70% какао
– шлаг
Подготовка:
Млекото сипете го во големо тенџере и ставете го на тивок оган. Додека млекото се подгрева измешајте ги другите состојки. Кога млекото ќе се стопли ставете ги состојките и мешајте. Пред да почне да врие сместаа тргнете ја од оган и сипете ја во стаклени чаши. Одозгора ставете шлаг.