Самоси

popara3 јуни, 20151min00
16

Самосите се совршен чаат, или индиска закуска. Ова триаголнесто пециво се прави со различни полнења, вегетаријански и со месо. Сепак самосите полнети со зачинет компир и грашок се наједноставни и најпопуларни. Различни верзии на самоси се прават низ јужна и централна Азија. Индиските емигранти исто така ги популаризираат самосите во источна Африка и ЈАР. 

Состојки

тесто

  • 1 1/2 шолји брашно
  • 1 лажица сол
  • 1/4 маргарин
  • 6 до 7 лажици вода

полнење

  • 1/4 шолји масло
  • 1/2 шолја кромид, сечкан
  • 1 лажица корен од ѓумбир, сечкан
  • мелен кориандер
  • 5 компири, сварени, излупени и оладени
  • 1 шолја грашок
  • сол и бибер по вкус
  • Масло за пржење

Начин на подготовка

Измешајте ги брашното и солта во голем сад. Месете го маргаринот со брашното се додека не добиете растресита смеса. Додадете 5 до 6 лажици ладна вода во садот и мешајте со лажица за да добиете единечна смеса. Ако е потребно додадете уште малку вода.

Ставете го тестото на набрашнета површина и месете го околу 10 минути, се додека не стане свиленкасто мазно. Потоа вратете го во садот и оставете го да одстои 30тина минути.

Во меѓувреме во тава загрејте 1/4 шолја масло на среден оган. Додадете го кромидот, ѓумбирот и кориандерот и пржете се додека кромидот не добие златна боја, околу 4 до 5 минути. Тргнете ја тавата од оган.

Додадете ги сварените компири во голем сад и измешајте ги со голема вилушка или гмечалка за компири. Компирите треба да бидат убаво изгмечени, но сепак со малку парчиња. На компирите додадете им ја смесата со кромидот, грашокот и сол и бибер по вкус.

Вратете се на тестото, кое ќе го ставите на малку набрашнета работна површина и ќе го размесите во долго јаже. Поделете го тестото на 16 парчиња и секое парче размесете го во круг со дијаметар околу 15cm. Пресечете го секој круг на половина.

Од секој поливина круг направете конус. Навлажнете ги краевите со малку топла вода и убаво затворете ги со прстите. Во секој од конусите ставете 2 лажици од полнењето. Затворете го конусот и повторно запечатете го со малку топла вода. Повторете го истото со секој конус, а потоа оставете ги на хартија за печење да одстојат околу 30 минути.

Загрејте масло за готвење на 180°С во длабок сад за пржење и пржете ги самосите се додека не добијат златна боја од сите страни. Служете ги со парчиња лимон.

Варијации

Полнење: Полнењето може да биде различно и да варира од вегетаријанско до полнење со месо. Можете да ја преполовите количината на компири и да додадете зачинето мелено месо. Исто така можете да додадете сечкани и сварени моркови, пржена зелка и сл. Искористете ја својата имагинација и состојките кои ги имате дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag