СОСТОЈКИ:
– 12 лажици кристал шеќер
– 12 лажици шеќер во прав
– 1 кеса ванилин шеќер
– 3 капки екстракт ванила
– 5 лажици ладна вода
– 7 јајца
– половина шолја масло
– 10 лажици шеќер во прав
– 7 рамни лажици брашно
– 2 кеси бурбон ванилин шеќер
– 3 рамни лажици квалитетно какао
– половина кеса прашок за пециво
– 1 шолја топло млеко
– 80 грама маргарин/путер
– 100 грама чоколадо
– Неколку капки масло
ПОДГОТОВКА:
Најпрво подгответе го бисквитот и тоа така што ќе ги одделите белките од жолчките. Белките оставете ги во фрижидер, додека го подготвувате бисквитот. Земете ги жолчките, додајте кеса ванилин шеќер, масло и 10 лажици кристал шеќер. Матете со миксер додека се` фино не се соедини.
Брашното измешајте го со прашок за пециво и какао. Соединете ја таа мешавина со јајца и млеко и се` разматете, но овој пат со лажица, не со миксер. Излијте ја смесата во тепсија која претходно добро сте ја намастиле и испечете во добро загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Додека бисквитот се пече, направете фил: прво добро ќе ги разматите белките така што ќе се направи цврст снег. Постепено додавајте шеќер и продолжете со матење. Во сад со пет лажици ладна вода додајте 12 лажици шеќер во прав и екстракт од ванила, па загревајте додека не се направи сируп.
Добиениот сируп полека додавајте во белките и продолжете со матење. Печениот бисквит извадете го од рерна и премачкајте го со белиот фил, оставете го во фрижидер на два часа. Растопете чоколадо со маргарин или путер, додајте масло и оставете да се олади.
Мачмалоуто извадете го од фрижидер. Можете да го исечете како колач или со чаша. Прелијте ги колачите со чоколадната глазура и повторно вратете ги во фрижидер.