Торта 7 Days со плазма и кроасани

popara17 октомври, 20151min00
13

Состојки

  • 300 гр. плазма
  • 1 големо и едно мало пакување 7 Days кроасан со чоколадо
  • 1 големо и едно мало пакување 7 Days кроасан со ванила
  • 1.500 мл. млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 пудинг од ванила
  • 240 гр. шеќер
  • 300 гр. еурокрем
  • 400 гр. маргарин
  • 100 гр. чоколада за готвење
  • шлаг за украсување

Упатство

Во 500 мл. млеко се става 120 гр. шеќер и се вари пудингот од ванила. На истиот начин се вари и пудингот од чоколадо. Се растопува чоколадото и се додава во чоколадниот пудинг. Двата пудинга се оставаат да се оладат. Маргаринот се мати и едната половина се додава во оладениот пудинг од чоколадо. Плазма бисквитите се потопуваат во топло млеко да омекнат па се редат на подлога за торта. Врз плазма бисквитите се става чоколадниот крем па наизменично се редат кроасаните со чоколадо и ванила. Врз кроасаните се става кремот од ванила. Се премачкува со еурокрем растопен на пареа. Toртата се украсува со шлаг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag