
Потребни состојќи:
– 400 гр. тесто за леб
– 4 главици црвен кромид со средна големина
– 300 гр. меко, топено сирење
– 8 до 10 маслинки без семки
– неколку гранчиња темјан
– 2 гранчиња рузмарин
– маслиново масло
– сол
– црн бибер
Начин на подготовка:
Исчистете го и исечете го кромидот на листови дебели околу 3 мм. Омекнете го на тивок оган со 4 лажици масло, 2 лажици вода, гранче темјан, едно гранче рузмарин… Посолете го, тргнете го од оган и оставете го да се излади.
Развлечете го тестото во кора дебела околу 5 мм. Премачкајте ги со масло и обложете ги со тесто тркалезните калапи за тортички. Врзтестото наредете сирење (крупно рендано), кромид, маслинки и додајте неколку ливчиња темјан. Посолете ги, додадете црн бибер и малку масло.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 10 до 12 минути додека тестото не зарумени. Оставете ги тортичките да се изладат и внимателно извадете ги од калапите. Украсете ги со ливчиња од рузмарин и послужете ги топли.