Оваа торта се прави брзо и лесно. Не се пече и тоа е една од причините што многумина ја обожуваат.
Состојки:
Прв слој:
300 гр плазма бисквити
1 дл сок од портокал
125 гр путер
125 гр шеќер во прав
Втор слој:
300 гр мелени ореви
Филџан млеко
125 гр путер
125 гр шеќер во прав
Трет слој
2 пакетчиња пудинг
½ литар млеко
200 гр шеќер
Четврти слој
500 мл павлака за шлаг
Подготовка:
Прв слој: соединете ги сите состојки (300 гр плазма бисквити, 1 дл сок од портокал, 125 гр путер, 125 гр шеќер во прав) и ставете го слојот во калап за торта.
Втор слој: 300 гр мелени ореви се попаруваат со филџан врело млеко, се додаваат 125 гр матен путер измешан со 125 гр шеќер во прав. Сето тоа добро измешајте го, па ставете го вториот слој врз првиот.
Трет слој: сварете ги двете пакетчиња пудинг од ванила во ½ литар млеко и 200 гр шеќер. Откако ќе се олади, додадете 125 гр матен путер, па потоа овој слој додадете го врз вториот.
На крај, направете шлаг од павлаката и премачкајте ја цела торта, од сите страни.