Колачот од кокос е десерт на кој ќе се навлечете после првото пробување, а веројатно и гостите ќе ви го побараат рецептот после првото залче.
За среќа, рецептот е брз, лесен и евтин, па може да го подготвувате колку често и да сакате.
Плус, ви требаат само 20 минути во кујна.
Потребни состојки:
- 200ml јогурт
- 200ml масло
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 200g брашно
- 100g чоколадо за готвење
- 200ml млеко
- 200g кокос
- 200g шеќер
- 1 лажица прашок за печиво
За глазура:
- 100g чоколадо за готвење
- 3 лажици масло
Начин на подготовка:
Во голем сад ставете го млекото заедно со шеќерот и оставете го да отстои.
За тоа време во друг сад ги мешате следните состојки – јогурт, масло, кокос, ванилин шеќер, брашно и прашок за печиво.
Кога ќе добиете еднолична смеса, додадете ја во млекото и шеќерот.
Намачкајте едно средно тавче за печење со масло и со брашно, па во него претурете ја смесата и прелијте со растопено чоколадо. Печете 30-тина минути на 180 степени.
Откако ќе го извадите колачот, подгответе ја глазурата, односно стопете го чоколадото на пареа заедно со маслото.
Колачот добро оладете го и пред послужување прелијте со чоколадо.