
Потребни состојки:
- 30g путер
- 400g кондензирано млеко (ако немате, погледнете на видеото подолу како да направите кондензирано млеко)
- 40g какао во прав
- Чоколадни трошки
Подготовка:
Измешајте ги путерот, кондензираното млеко и какаото во прав во сад за готвење и растопете ги на средна температура.


Откако ќе се стопат и соединат, ставете ги во чинија на која претходно сте намачкале путер и оставете ја смесата да се олади во фрижидер цели два часа.

По два часа, извадете ја смесата и од неа правете мали топчиња кои ќе ги мачкате во чоколадни трошки.


Вашиот вкусен десерт е готов!
