Летото е време кога од торти и колачи, се префрламе на студени десерти кои најчесто доаѓаат во облик на сладолед.
Што значи тоа? Наместо да печете торти од кои веќе сте заситени, направете си домашен сладолед.
За него не ви требаат тајни и скапи состојки.
Доволно е да се подновите со калапи, ако веќе ги немате, да купите млеко и омилениот крем и да почнете. По желба може да додадете и какао, за посилен вкус.