Состојки:
- 200 мл млеко
- 1 лажица шеќер
- 30 гр квасец
- 2 јајца
- 2 лажици масло
- сол
- 500-600 гр брашно
- 1/2 прашок за пециво
Начин на подготовка:
Растворете квасец во малку млеко и шеќер, па кога ќе се раствори додајте го остатокот од млекото, јајцата, 2 лажици масло и брашно. На крај додајте сол и замесете средно тврдо тесто, па оставете го малку да нарасне. Тестото покријте го со фолија или крпа.
По 20 минути растегнете го тестото на дебелина на прст и сечете го по желба. Пржете ги парчињата во масло.
Можете да додадете џем или, ако сакате солени, сирење како што е прикажано во видеото.
Послужете со додаток по избор.
https://www.youtube.com/watch?v=15N0yYlWBNg