Состојки:
200 гр кекс
100 гр мелен кекс
3 банани
3 јаболка
150 гр мелени ореви (или лешници, или бадеми)
100 гр шеќер
1 пудинг од ванила
половина литар млеко
2 лажици шеќер
шлаг (по желба)
Начин на подготовка:
Јаболката излупете ги, крупно изрендајте и ставете ги во чинија.
Додајте изгмечени банани, мелени ореви, мелен кекс, шеќер и добро измешајте.
Тацна или тепсија обложете со кекс. На кексот нанесете фил и израмнете ја површината.
Подгответе пудинг според упатството на кесичката.
Нанесете пудинг на филот и оставете да се излади.
Сечете на коцки, а по желба украсете со шлаг.