Состојки
- 1 шолја вода
- 1/2 шолја несолен путер
- 1/2 лажичка сол
- 1 шолја сенаменско брашно
- 4 јајца
- 1 1/2 шолја рендан кравји кашкавал
Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во среден сад, на силен оган, загрејте ја водата заедно со путерот и солта. Намалете ја топлината, додадете го брашното и мешајте со дрвена лажица за да го одлепите тестот од страните на тавата.
Префрлете го тестото во голем сад и додадете 4 јајца, едно по едно, мешајќи со електричен миксер. Додадете го ренданиот кашкавал. Префрлете го тестото во кеса за замрзнување, исечете мала дупка на едниот агол, и на тава за печење обложена со масна хартија направете мали земички, со големина на колаче.
Печете 20 – 25 минути.