Потребни состојки:
250g маргарин
200g шеќер
5 јајца
100g чоколадо за готвење
½ kg бисквити, кршени
1 лист обланда
Подготовка:
Во едно тенџере растопете го маргаринот со шеќерот, па додадете ги јајцата и чоколадото. Варете додека сите состојки не се стопени.
Кога ќе зоврие смесата, додадете ги крупно искршените бисквити.
Штом згусне смесата, тргнете ја од оган. На тава ставете го листот обланда, па врз него истурете ја смесата со бисквити.
Послужете го колачот ладен.