Кинеска бајка: Во Шангај отворен најлуксузен хотел
11 ноември, 20160
За да одат во чекор со најлуксузните хотели во Њујорк, Дубаи и Лондон во кинескиот мегаполис Шангај е отворен првиот хотел со 7 звездички во оваа земја.
Хотелот кој е наречен Wanda Reign е граден дури три години а во него се вложени 515 милиони долари. За дизајнот на овој импозантен објект британската фирма Foster + Partners употребила комбинација на арт деко и традиционалниот кинески дизајн од почетокот на 20-от век.