Најпрвин се прават 3 кори од следните состојки:
- 9 белки
- 15 лажици шеќер
- 18 лажици лешници
Секоја кора треба да содржи третина од состојките за да ви излезат 3 (3 белки се матат со 5 лажици шеќер и 6 лажици мелени лешници).
Смесата се распределува во тава за печење и се пече 15 минути на 200 степени.
Се подготвува чоколадната глазура за која ќе Ви бидат потребни:
- 200 гр. чоколада за готвење
- 100 гр. слатка павлака
- 1 лажица путер
Чоколадата искршете ја на коцки и ставете ја во сад на пареа да се растопи заедно со путерот, слатката павлака и лешниците.
Секоја кора кога ќе се испече се премачкува со чоколадната глазура и се оставаат да се излади комплетно за да може чоколадата да се стегне.
Филот се подготвува на следниот принцип:
Во тенџере на оган се става 500 мл млеко да се згрее, 10 лажици шеќер и 1-2 лажици екстракт од ванила. Во друг сад на страна се матат 9 жолчки, 200 мл млеко и 1 кесичка пудинг од ванила.
Убаво се меша целата смеса за да нема грутчиња и се претура во млекото додека врие и се подготвува исто како пудинг. Се става најлонска фолија одозгора (да допира убаво до пудингот за да не фати кора и се остава целосно да се излади.
Кога ќе се излади се мати со миксер на најјака брзина со 100 гр. путер на собна температура.
Корите се редат на следниот принципот: се става кора, врз неа филот, се размачкува убаво, па пак кора, па пак фил и на крај се става последната кора со чоколадо на која се ставени мелени или сецкани лешници (или ореви). Се лади во ладилник околу 1час и се сечат коцки.