Компири полнети со мелено месо

popara5 март, 20161min00
9

Ситно исечкајте ги кромидот, морковот, целерот и лукот, па пржете ги во тав со лажици масло на умерен оган. Додајте го меленото месо и продолжете да го пржите, полевајќи го со малку вино. Кога виното ќе испари, додајте го доматното пире.

Посолете го и попиперете го сосот и пржете го 40 минути, додавајќи му малку топла вода доколку тоа е потребно.

Печете ги исчистените компири половина час на 200 степени. Потоа извадете ги од рерната, исечете ги на половина по должина и издлабете ги со лажица. Посолете ги, наполнете ги со сосот од месо и печете ги уште 2-3 минути.

По желба може да ставете изрендан кашкавал за подобар вкус.

Состојки за 4 лица: 

– 300гр. мелено месо

– 1 главица кромид

– 1 морков

– 1 страк целер

– 1 чешне лук

– 3 лажици масло

– 1/2 чаша бело вино

– 2 лажици доматен сос

– 4 компири

– сол и црн пипер

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag