Уживајте во вкусна салата од компири, збогатена со краставици и ротквици која може да биде хранлив оброк.
Состојки:
800 гр варени компири
1 главица кромид
неколку ротквици
1 краставица
4 лаж масло
3 лаж винскиоцет
1 лаж сенф
сол, црн пипер, шеќер
1 варено јајце
Подготовка:
Сварете го компирот, излупете го и исечкајте го. Исчистете го кромидот и исечкајте го на кругови. Измијте го зеленчукот. Ротквиците и краставиците исечкајте ги на кругови. Сите состојки измешајте ги во чинија.
За дресинг, измешајте го маслото и оцетот, додадете го сенфот, зачинете со сол, црн пипер и со малку шеќер.
Додадете го зеленчукот во компирите и измешајте со дресингот. Покреианата салата оставете ја еден час во фрижидер да се олади.