ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
8 жолчки
8 супени лажици шеќер
1 литар слатка павлака
250 грама Маскрапоне (Маскарпоне може да се купи во добро снабдените продавници но може и лесно да се приготви. За тоа е потребно 1 литар шлаг кој се загрева на 90 °C, се додаваат 5 милилитри лимонова киселина или пропорционално лимонов сок и 10 минути полека се меша дури шлагот не се стврдне. Накрајот, таа маса треба да се завие во крпа и се остава да отстои.)
300 грама пишкоти или бисквитите
4 мали шолји еспресо кафе
50 милилитри ликер по желба ( се препорачува ликер бадеми )
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во подлабок сад со миксер изматете ги жолчките и шеќерот, а во друг сад павлаката и маскрапонето. Потоа двете смеси соединете ги мешајќи со лажица. Во правоаголен сад, со длабочина од 6 до 7 сантиметри, на дното ставете ги пишкотите или бисквитите натопени во претходно измешаните еспресо кафе и ликер.
Смесата од јајцата, шеќерот, слатката павлака и маскарпонето истурете ја преку пишкотите.
Одозгора насипете мелено кафе и колачот оставете го во фрижирдер околу 3 часа пред да го сервирате.
Уживајте!!!