Нес коцки

popara4 јули, 20161min00
14

Се подготвуваат без многу мака и трошок, а се вкусни за секоја пригода.

Потребни состојки:

  • 150g бисквити
  • 2dl млеко

За чоколадниот фил:

  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици сечкани лешници
  • 100g чоколадо за готвење
  • 6dl млеко
  • 100g шеќер во прав
  • 180g маргарин

За филот од кафе:

  • 300g Маскарпоне крем сирење
  • 3,5dl слатка павлака
  • 150g шеќер во прав
  • 1 лажица Нес кафе
  • 10g желатин во прав

Начин на подготовка:

Чоколаден фил:

1. Во сад ставете 5dl млеко, додадете шеќер и варете додека не зоврие.

2. Останатото млеко посебно изматете го со пудинг од чоколадо и ставете го во зовриеното млеко и продолжете со варење додека не згусне. Пред крајот на варењето додадете искршена чоколада за готвење и мешајте додека не се стопи.

3. Посебно изматете го омекнатиот маргарин со шеќер во прав и соединете го со оладениот пудинг и измешајте. На крај, додадете ги сечканите лешници и измешајте.


Филот од кафе:

1. Изматете го крем сирењето со шеќер во прав и Нес кафе.

2. Измешајте ја слатката павлака додека не стане цврст шлаг и соединете ја со филот од Маскарпоне.

3. Прелијте го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете да набабри, а потоа додадете го подготвениот фил и полека мешајте.


Крајна постапка:

1. Дното од тавата покријте го со натопениот кекс во млеко. На него намачакајте го чоколадниот фил и оставете комплетно да се олади.

2. Потоа, нанесете го филот од кафе, израмнете и оставете го во фрижидер за да се зацврсти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag