Ако сакате да зготвите нешто за само 15 минути, Ло меин нудлите со зеленчук се одлична здрава и вкусна опција.
Состојки
- 150 г нудли
- 1 лажица маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 200 г печурки
- 1 црвена пиперка
- 1 морков
- 1/2 шолја грашок
- 3 шолји спанаќ
За сосот
- 2 лажици соја сос
- 2 лажички шеќер
- 1 лажичка сусамово масло
- 1/2 лажичка мелен ѓумбир
- 1/2 лажичка ќечап
Начин на подготовка
Измешајте ги во сад соја сосот, шеќерот, сусамовото масло, ѓумбирот и ќечапот и тргнете ги на страна. Сварете ги нудлите според инструкциите на пакувањето. Исечкајте ги печурките, лукот, пиперката и морковот.
Во голем сад ставете ладно маслиновото масло и лук, и загрејте додека лукот не пушти мирис. Потоа додадете ги печурките, пиперката и морковот. Пржете со мешање околу 5 минути.
Додадете го спанаќот и гответе мешајќи уште 2-3 минути.
На крај додадете ги нудлите и сосот.