Потребни состојки:
- 2 чаши брашно
- 1 чаша вода
- 1 чаша кокосово млеко (може и обично)
- 2 јајца
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка куркума
- малку масло
Во подлабок сад измешајте ги заедно брашното, водата, млекото, јајцата, солта и куркумата додека не добиете хомогена смеса (ако забележите остатоци од грутчиња мешајте додека тие не исчезнат).
Земете пластично шише и со помош на остар нож направете три дупки на неговото капаче. Наполнете го шишето со подготвената смеса.
Загрејте ја тавата и премачкајте ја со малку масло. Превртете го шишето и истурете од смесата низ издупченото капаче правејќи пајажина на тавата. Почекајте неколку минути додека се потпече па превртете ја на другата страна.
Кога ќе биде готова тргнете ја настрана, наполнете ја, превиткајте ги страните навнатре и завиткајте ја во ролна.
Послужете со додатоци по вкус.