Паштетата од туна е совршен рецепт за ова ладно време која со својот вкус ќе не однесе со мислите во летните денови и ќе не потсети на мирисот на морето.
Оваа паштета совршено оди со тазе домашен леб или крекери.
Состојки:
- 300 грама туна
- 300 грама крем сирење
- 80 грама пармезан
- 300 грама мајонез
- Сок од половина лимон
- Половина лажичка сенф
- Крекери или леб за послужување
Подготовка:
Туната, крем сирењето, мајонезот, сенфот, сокот од лимон и пармезанот убаво изблендајте ги и оставете ја паштетата во фрижидер да се излади барем два часа.
Послужете ја ладна со крекери или тазе леб.